Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Тиксотропија на гел од FeOOH – Крвта на свети Јануари



Експеримент бр. 2

При мешање на гел од железо(III) оксид хидроксид доаѓа до премин во сол при што гелот се втечнува. Ако вака втечнетиот систем се остави извесно време да мирува набргу се добива гел кој не тече. Оваа појава е наречена тиксотропија.

Потребен прибор

Потребни хемикалии

Лабораториска чаша од 250 mL, градуиран цилиндер, стаклено стапче.

Воден раствор од железо(III) хлорид со c = 1 mol/L, 8 g натриум хидроксид, натриум хлорид.

Начин на работа

Слика 1. Потребен прибор за изработка на целофанската кеса
Слика 2. Пренесување на талогот во кесата
Слика 3. Изведување на дијализата

Во лабораториска чаша се става 60 mL од растворот железо(III) хлорид, и во мали порции при ладење и мешање се додава натриум хидроксидот. Добиената суспензијата со помош на инка се пренесува во кеса од целофан и се потопува во сад со вода. За оваа цел фолија од целофан (Сл. 1) е исечена и залепена во форма на кесичка. Во неа се става талогот (Сл. 2) и сето тоа се потопува во чаша од 2 L со вода (Сл. 3) која се менува секојдневно се додека се забележува нејзино обојување. По десетина дена се вади кесичката и содржината се претура во чаша во која потоа се додава готварска сол во мали количества со повремено чекање за да се образува гел. Овој дел нам не ни успеа па затоа предлагаме добиениот колоидено-дисперзен систем да се остави во чаша и со испарување на водата да се концентрира. По дваесетина дена со повремено проверување може да се забележи тиксотропија. При мешање гелот се втечнува (преминува во сол), а со мирување преминува во гел кој не тече.

Вака приготвениот гел се става во стаклена ампула и се чува за демонстарција на феноменот тиксотропија. Со превртување на ампулата гелот не тече. Ако силно се промеша (со клумкање) ќе дојде до протекување.

Резултати и заклучоци

Во Италија, во близина на Неапол има мало место во кое во католичката црква еднаш годишно се применува церемонија во која како реликт се применува нешто што се нарекува “крв на свети Јануари”. Оваа таканаречена крв, е сместена во посебни садови. Интересно е што таа е “згрудена”, а кога ќе им се даде на верниците да ја пренесуваат од рака на рака пришто таа се втечнува и овој феномен се третира како едно од чудата на оваа религија. Оваа таканаречена крв во минатото била испитувана со некои оптички методи, а тогашните аналитичари констатирале дека се работи за крв иако денешните хемичари најверојатно ќе констатираат дека е утврдено присуство на железо(III) јони, што не е исто нели? Некои од хемичарите отишле дури и до таму што на гореопишаниот начин (или слично на него) приготвиле гел од железо(III) хидроксид со исти особини. Клучно во ова приготвување е по добивањето на талогот да се изврши соодветна дијализа со цел да се отстрани дел од електролитот. Во овој експеримент тоа е постигнато со користење на животинско црево и кесичка од целофан која е добиена од фолија целофан која беше залепена со лепак неостик.

Слика 4. Дијализа со животинско црево

При мешање (или со примена на ултразвук) врз гелот доаѓа до делумно создавање на сол и со тоа се овозможува течење, а при мирување солот преминува во гел и со тоа системот не може да тече.

Забелешки

Еднаш приготвениот гел се пренесува во стаклена ампула која се затопува и како таква се користи речиси бесконечно многупати.

Наместо со кеса од целофан дијализата може да се изведе и со животинското црево (Сл. 4) кое на едниот крај е претходно заврзано. Животинското црево може да се добие од касапница или може да се купат колбаси па со отстранување на полнењето и миење со детергент се обезбедува црево за експериментот. Некои од овие црева може да бидат синтетички. Очигледната разлика меѓу животинско и вештачко е што вештачкото изгледа прилично хомогено за разлика од природното кое не е хомогено, а се разликува и на допир.

Методија Најдоски

 Експерименти

Благодарност
Услови за употреба на содржините
За Експерименти за вас

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net