350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Гел од поливинил алкохол

Експеримент бр. 3

При мешање водни раствори од поливинил алкохол и натриум тетраборат (боракс) се добива пивтиеста маса.

Потребен прибор

Слика 1. Прибор со потребните раствори

Две лабораториски чаши од 250 mL, лабораториска чаша од 100 mL, две мензури (една од 50 mL и една од 10 mL) стаклено стапче, електромагнетна мешалка, тефлонска мешалка, две лажички, термометар, шише од 250 mL и шише од 100 mL.

Хемикалии

поливинил алкохол 8 g
натриум тетраборат декахидрат 6,4 g

Начин на работа

а) Приготвување раствор од поливинил алкохол
Во лабораториска чаши од 250 mL се става 192 mL дејонизирана вода и потоа при постојано мешање на електромагнетна мешалка во мали количества се додава поливинил алкохолот. Во текот на растворањето се врши загревање на температура од приближно 70 °C. Приготвениот раствор се собира во стаклено шише од 250 mL.
б) Приготвување раствор од натриум тетраборат
Овој раствор се приготвува во лабораториска чаша од 100 mL. Во неа се става 84 mL дејонизирана вода и при постојано мешање на електромагнетна мешалка се додава натриум тетраборатот декахидратот. По целосното растворање на цврстата супстанца растворот се чува во шише од 100 mL.
b) Изведување на експериментот
Во мензура одмеруваме 50 mL раствор од поливинил алкохол, а во друга мензура одмеруваме 5 mL раствор од натриум тетраборат. Обата раствора истовремено се мешаат во чаша од 100 mL, а потоа смесата се меша со стаклено стапче. Се обраќа внимание на изгледот на приготвениот гел. При тоа може да се покаже стакленото стапче на кое би требало да има налепено од гелот. Овој гел потоа може да се собере и да се формира топче. Топчето се пуштa да падне на чиста и рамна површина (стакло). Се набљудуваат промените.

Резултати и заклучоци

При мешањето на двата раствора се добива пивтиеста маса. Со нејзино мешање еден дел се лепи за стакленото стапче. Приготвеното топче од гелот пуштено да падне на рамна површина отскокнува неколкупати како да се работи за гумено топче.

Слика 2. Мешање на растворите Слика 3. Изглед на гелот

Поливинил алкохолот е полимерна супстанца која е составена од низи во коишто како мономер се јавува –CH2–CHOH–. Бројот на мономерот во низите на полимерот во просек ја надминува бројката од 2000 мономерни единици. Релативно добрата растворливост на полимерот е условена од водородните врски кои ги гради со водата.

Во присуство на тетраборатни јони каде заради хидролиза, прикажана со следнава равенка,

B4O72–(aq) + H2O(l) -> HB4O7(aq) + OH(aq)

(водородниот показател има вредност 9), тетраборатните јони преку сврзување на своите OH групи со OH групите на поливинил алкохолот создава структура со умрежување на низите на полимерот. На овој начин се содава гелот, а при оваа реакција се ослободува и вода. Во создадената структура најверојатно постои и умрежување по пат на создавање водородно сврзување кое, пак, најверојатно е неопходно за постоење на елестичните својства на гелот.

Забелешки

Приготвениот раствор од поливинил алкохол има ограничен рок на употреба заради развивањето на микроорганизми низ целиот волумен на растворот. За време од еден до два месеци може да се развие мувла. Гелот може безбедно да се исфрли во корпа за цврст отпад.

Методија Најдоски и Весна Богдановска

 Експерименти

Реакција на метали со хлороводородна киселина (2007-07-18)
Термохромизам на македонското знаме (2006-08-12)
Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа (2005-09-18)
Живино срце - класична варијанта (2005-09-15)
Пирофорност на силанот (2004-09-05)
Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
ChemExper (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5724 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net