Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Термохромизам на македонското знаме



Подготвена е термохромна боја со употреба на Ag2[HgI4]. Македонското знаме е нацртано на жолта хартија. Деловите од нацртаното што треба да бидат во црвена боја се обоени со термохромна боја. Обоената хартија е пластифицирана. Кога температурата се зголемува бојата се менува од жолта во црвена. Резултатот е драматична појава на Македонското знаме.

Потребен прибор

Две чаши од 100 cm3, инка, филтерна хартија, стаклена прачка, хартија со соодветна жолта боја, четка за боење, фен за коса.

Хемикалии

Жива(II) јодид, HgI2, воден раствор од калиум јодид, воден раствор од сребро нитрат, растворлив скроб, две чаши од 100 cm3.

Начин на работа

Подготовка на водните раствори:
Воден Раствор од KI: 7,16 g KI се раствораат во 25 cm3 вода
Воден Раствор од AgNO3: 7,35 g AgNO3 се раствораат во 30 cm3 вода
Скробен “раствор” (всушност колоиден сôл): 10 g растворлив скроб се разматува во малку ладна вода и се додава во 50 cm3 вода загреана до вриење.

 
 

Подготовка на термохромна боја

Претходно измерените 10 g од HgI2 се ставаат во чаша во која претходно има додено 25 cm3 воден раствор од KI. Се меша со стаклена прачка за да се раствори HgI2. Добиениот раствор се филтрира за да се издвои нерастворениот остаток. 30 cm3 од водниот раствор од AgNO3 се додава кон филатратот во мали количества со постојано мешање. Се добива кашест продукт со жолта боја. Талогот се плакне со вода неколку пати, по што, со постојано мешање се додаваат мали порции од скробниот “раствор” со цел да се добие кашеста конзистенција. Термохромната боја што е подготвена со овој процес се нанесува на дел од жолтата хартија што ја претставува позадината на македонското знаме. На крај, хартијата треба да се пластифицира.

Демонстрација

Презентацијата може да се покаже на различни начини, во зависност од изворот на топлина. Хартијата може да се загрева со IR ламба, а исто така препрачуваме употреба на фен за коса. Кога температурата е зголемена околу 50 ºС, Македонското знаме може да се забележи. Тоа исчезнува со ладење. За мали примероци на Македонско знаме, едноподруго потопување во чаши со топла и ладна вода, се препорачува како начин за изведување на експеримент за мали групи. За поголема публика, видео камера и проектор, се неопходни.

Резултати и заклучоци

Солта HgI2 е цврста супстанца со интезивно црвена боја. Равенката на реакцијата што следува кога растворот од KI се додава во HgI2 е:

2KI(aq) + HgI2(s) = K2[HgI4](aq)

Додавајќи раствор од AgNO3 кон филтратот од K2[HgI4] се таложи жолт талог од Ag2[HgI4] :

K2[HgI4](aq) +AgNO3(aq) = Ag2[HgI4](s)

Продукт е комплексна сол калиум тетрајодомеркурат(II).

Комплексната сол Ag2[HgI4] е термохромна супстанца која ја менува бојата од жолта во црвена на температури поголеми од 50 ºС. Кога супстанцата се лади жолта боја се враќа. Додавањето на скробен раствор кон Ag2[HgI4] всушност служи како лепило помеѓу термохромната супстанца и хартијата на која се нанесува.

Делот од хартијата што е обоен со термохромна боја се менува од жолто во црвено кога температурата се зголемува.

Забелешки

Живата и нејзините соли се силно отровни супстанци. Носењето заштитни ракавици е задолжително при работа со овие соединенија.

Доколку во училишната лабораторијата нема HgI2, таа може да се добие со соединување на Hg и I2, или со мешање на водни раствори во стехиометриски моларен однос на калиум јодид и растворлива сол што содржи жива(II) јони.

Литература

  1. M. Najdoski, Bull. Chem. Technol. Macedonia, 24(2) 157-161 (2005).

Методија Најдоски

 Експерименти

Реакција на метали со хлороводородна киселина (2007-07-18)
Термохромизам на македонското знаме (2006-08-12)
Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа (2005-09-18)
Живино срце - класична варијанта (2005-09-15)
Пирофорност на силанот (2004-09-05)
Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net