Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа

Потребен прибор

Графоскоп, саатно стакло (со дијаметар 8 или 10 cm), Петриева шолја со помал дијаметар од саатното стакло, градуирани Пастерови пипети, акумулатор или исправувач на наизменична струја, приклучни жици, две графитни електроди (моливчиња), соодветен метален држач за електродите, пластичен послужавник или плиток стаклен сад, жива гума, лист бела хартија, маска од хартија со отвор што има дијаметар еднаков на дијаметарот на Петриевата шолја.

Хемикалии

Жива, сулфурна киселина (c = 2 mol/L), сулфурен цвет.

Апаратура

Слика 1. Користен инвентар за изведување на експериментот
Слика 2. теџт

Се поставува апаратура како на Сл. 1. На графоскопот се поставува маската од хартија и на отворот од маската се става Петриевата шолја. Во неа се става саатното стакло. Електродите се прицврстуваат на држачот во положба која ќе овозможи катодата само малку да ја допира живата, а анодата да биде релативно далеку од живата. Приклучните жици се поврзуваат со исправувачот и електодите како што е прикажано на Сл. 2. Со тоа апаратурата е поставена.

Начин на работа

Во пластичен послужавник се ставаат шишенцата со раствор од сулфурната киселина и жива. Послужавникот се поставува што поблиску до графоскопот. Саатното стакло со Петриевата шолја се става во послужавникот на лист бела хартија. Со Пастерова пипета се става 1-2 mL од живата во саатното стакло. Потоа, саатното стакло заедно со Петриевата шолја се враќа на графоскопот. Се вклучува светилката од графоскопот. Шишенцета со сулфурна киселина се поставуваат на графоскопот. Со Пастерова пипета се додава од сулфурната киселина до целосно покривање на живата. Се објаснуваат активностите. Електродите се поставуваат така што врвот од катодата да ја допира живата, а анодата да биде потопена во растворот што подалеку од живата. Се вклучува струјата во струјното коло и се набљудуваат промените во системот.

Резултати и заклучоци

При вклучувањето на стујното коло и зголемувањето на електричниот напон до приближно 4-6 волти може да се забележи движење на живата кое наликува на движењето од претходниот екперимент со тоа што во овој случај отсуствува разноликоста на формите. Всушност, во овој случај пулсациите многу повеќе наликуваат на пулсации на срце. Со зголемување на напонот до приближно 12 волти може да се забележи зголемување на фреквенцијата на пулсирањето на живата.

Објаснението за овие пулсации во голем дел се совпаѓа со објаснението дадено во претходниот експеримент. Во овој случај, исто така, живата осцилира меѓу две состојби и тоа состојба карактеризирана со висок површински напон и состојба карактеризирана со низок напон.

Разликата меѓу овие два експерименти е во тоа што во овој случај изворот на електони не е клинчето туку катодата. Ова на своевиден начин го потврдува механизмот на пулсирањето. Како второ, пулсациите на живата се одвиваат преку создавање на различни форми. Причината за тоа е постоењето на електрично поле кое манифестира различно поведение на живата. Живата која ја допира катодата и самата станува катода. Таа добива негативен полнеж, а со тоа и висок површински напон (состојба I). Штом живата се ослободи од контактот со катодата таа се уште го има негативниот полнеж и на неа се одигрува реакција на редукција која ги троши електоните:

2H3O+(aq) + 2e = 2H2O(l) + H2(g)

Оваа електрохемиска реакција, се разбира, се одвива и на катодата (и на живата кога таа е допрена со катодата). Ова е втората состојба на живата при која таа се здобива со низок површински напон. Циклусот се затвора со повторен контакт со катодата. Како што понапред беше кажано формите на живата се различни од оние во претходниот експеримент. Во овој случај вирчето од жива се издолжува, а во некој ситуации при повисок напон доаѓа дури и до отцепување на капки жива кои се упатуваат кон анодата. Во зависност од големината на електричниот напон и позицијата на анодата некоја од капките жива може и да успее да ја допре анодата. Во тој момент таа предава негативен полнеж на анодата (го “затвора” струјното коло) и самата за момент станува анода. Заради конусната форма на саатното стакло капката жива набрзо се враќа на контактот со катодата.

Штом живата ја допира катодата, таа е негативно наелектризирана и под влијание на електричното поле се издолжува, има тенденција да дојде во контакт со анодата. Со тоа се стреми, исто така, да го намали растојанието меѓу електродите, а со тоа се намалува и електричниот отпор во струјното коло.

При изведувањето на експериментот се одвиваат електрохемиски процеси при кои се ослободуваат гасови. Имено, на катодата се ослободува водород, а на анодата се ослободува кислород:

2OH(aq) = H2O(l) + 1/2O2(g) + 2e

Оваа равенка како и претходната се равенки кои опишуваат електрохемиски процеси на катодата и анодата карактеристични за електролиза на вода.

Ослободување (одложување) од отпадот

Живата се собира во шишенце кое се означува со етикета на која ќе пишува онечистена жива и се чува за повторување на овој екперимент или други експерименти (на пр., живина амеба). Ако живата не сакаме да ја чуваме треба да ја хемисорбираме со специјална супстанца која е наменета за тоа, а во трговијата доаѓа со називот Chemizorb од производителот Мерк. Вака хемисорбираната жива се собира во пластично шише се до нејзино соодветно одлагање.

Методија Најдоски и Сани Демири

 Експерименти

Реакција на метали со хлороводородна киселина (2007-07-18)
Термохромизам на македонското знаме (2006-08-12)
Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа (2005-09-18)
Живино срце - класична варијанта (2005-09-15)
Пирофорност на силанот (2004-09-05)
Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01)

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net