Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Живино срце - класична варијанта

Потребен прибор

Графоскоп, саатно стакло (со дијаметар 8 или 10 cm), Петриева шолја со помал дијаметар од саатното стакло, градуирани Пастерови пипети, пластичен послужавник или плиток стаклен сад (стаклена тава), лист бела хартија, железно клинче, жива гума, маска од хартија со отвор што има дијаметар еднаков на дијаметарот на Петриевата шолја.

Хемикалии

Жива, сулфурна киселина (c = 2 mol/L), воден раствор од водород пероксид (w = 10 %), сулфурен цвет.

Апаратура

На графоскоп се поставува маската од хартија како што е прикажано на Сл. 1 и на отворот Петриевата шолја. Во неа се става саатното стакло.

Начин на работа

Слика 1. Графоскоп
Слика 2. теџт
Слика 2. Живиното срце во акција

Во пластичен послужавник се ставаат шишенцата со сулфурната киселина и жива. Послужавникот се поставува што поблиску до графоскопот. Саатното стакло со Петриевата шолја се става во послужавникот на лист бела хартија. Со Пастерова пипета се става 1-2 mL од живата во саатното стакло. Потоа, саатното стакло заедно со Петриевата шолја се враќа на графоскопот. Се вклучува светилката од графоскопот. Со жива гума се прицврстува железно клинче на страната од саатното стакло со врвот кон живата при што врвот да се наоѓа на растојание 1–3 mm од вирчето жива (Сл. 2). Се укажува на она што се работи. Со Пастерова пипета се додава од сулфурната киселина до целосно покривање на живата, а потоа со друга пипета се додаваат неколку капки од растворот на водород пероксидот. Се повикува на внимание и со изместување на саатното стакло се овозможува контакт на врвот од клинчето со живата. Се набљудуваат промените.

Резултати, објаснение и заклучоци

При контакт на живата со клинчето се забележува необично раздвижување на вирчето кое набргу отпочнува да “оживува”. Живата пулсира и при тоа на проекцијата може да се распознаат неколку форми – геометриски слики меѓу кои се елипса, рамностран триаголник со заоблени темиња (Сл. 3) и др. Пулсирањето на живата се должи на постоење на две состојби т.е. постои осцилирање кое може да се спореди со класични осцилатори како што се нишалото и клацкалицата. Едната состојба на живата се карактеризира со висок површински напон (оваа состојба можеме да ја поистоветиме со разгледување на едната страна на клацкалица кога е таа високо издигната над земјата). Во оваа состојба живата има тенденција да заземе што е можно посферна форма. Другата состојба (форма) се карактеризира со минимум површински напон. Во овој случај можеме да направиме споредба со клацкалицата кога страната која ја разгледуваме се наоѓа најблиску до тлото. Во оваа состојба живата е максимално разлеана (сплескана). Значи, живата осцилира меѓу овие состојби. Прашање е што е тоа што ја движи живата од едната состојба во другата? Или, со други зборови, како живата стигнува во состојба со висок површински напон, за да потоа премине во состојба со низок површински напон. Одговорот на ова прашање се наоѓа во хемизмот на пулсациите. Состојбата карактеризирана со висок површински напон воедно се карактеризира со висока површинска густина на електрони. Значи дека во таа состојба површината на живата е густо населена со електрони. Во таа состојба клинчето не ја допира живата, а се одигрува хемиска реакција при која електрони ја напуштаат живата според следнава равенка:

H2O2(aq) + 2H3O+(aq) + 2e = 4H2O(l)

Оваа равенка опишува процес при кој електроните ја напуштаат живата, а со тоа доаѓа до намалување на површинскиот напон. Тоа, пак, резултира во сплескување (разлевање) на живата (се зголемува нејзиниот “дијаметар”) и при доволно сплескување таа ќе го допре клинчето. Од тој момент живата се наоѓа во втората состојба карактеризирана со низок површински напон и со постоење на контакт со клинчето. Контактот овозможува пренос на електрони од железното клинче на живата:

Fe(s) = Fe3+(aq) + 3e

Електроните овозможуваат зголемување на површинскиот напон на живата, нејзино контрахирање и прекинување на контактот со клинчето. Со тоа живата се враќа во првата состојба. Овие два процеси наизменично се повторуваат.

Ослободување (одложување) од отпадот

По завршувањето на експериментот растворот треба да се собере во шише со ознака отпад што содржи жива. Живата се собира во шишенце кое се означува со етикета на која ќе пишува онечистена жива и се чува за други експерименти (на пр., живина амеба). Ако живата не сакаме да ја чуваме треба да ја хемисорбираме со специјална супстанца која е наменета за тоа, а во трговијата доаѓа со називот Chemizorb од производителот Мерк. Вака хемисорбираната жива се собира во пластично шише се до нејзино соодветно одлагање.

Забелешки

Плиток, стаклениот сад споменат во делот прибор може да го изработи стаклар. Ако се работи за порачка на ваков сад добро е неговите димензии да бидат 25 cm x 30 cm x 3 cm. Неговата намена е обезбедување на заштита во случај истурање на жива. За оваа цел садот е добро да се постави на графоскопот со маската од хартија и во него да се стават шишенцата со живата, водород пероксидот и сулфурната киселина.

Сулфурниот цвет е наменет за справување со растурена жива.

Методија Најдоски и Сани Демири

 Експерименти

Реакција на метали со хлороводородна киселина (2007-07-18)
Термохромизам на македонското знаме (2006-08-12)
Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа (2005-09-18)
Живино срце - класична варијанта (2005-09-15)
Пирофорност на силанот (2004-09-05)
Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net