Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Гел од етанол

Гелови: Експеримент бр. 1

При мешање на воден раствор од калциум ацетат и алкохол се добива гел кој може да гори и според тоа да се употреби како гориво.

Потребен прибор

Две лабораториски чаши (една од 100 mL и една од 250 mL), две мензури (една од 50 mL и една од 10 mL), Петриева шолја, цилиндричен метален сад, две пластични лажички, електромагнетна мешалка, техничка вага, тефлонска мешалка, кибрит или безбедносна запалка, шише од 100 mL.

Хемикалии

 калциум ацетат  етанол (95 %)
 40 g  50 mL

Начин на работа

а) Приготвување заситен раствор од калциум ацетат
Во лабораториска чаши од 250 mL се става 100 mL дејонизирана вода и претходно измерениот калциум ацетат. Чашата се става на електромагнетната мешалка и со помош на тефлонската мешалка се врши мешање во подолг временски период. Ако супстанцата се раствори се додава дополнително количество од калциум ацетатот се додека се постигне состојба на заситување т.е. се приготви заситен раствор. Растворот се собира (со декантација ако има нерастворена цврста супстанца) во шише од 100 mL.

б) Изведување на експериментот
Во чаша од 100 mL, поставена во Петриева шолја, истовремено се додава 50 mL етанол и 10 mL од растворот на калциум ацетатот. По десетина секунди, се обрнува внимание на содржината на чашата, и таа се превртува со отворот надолу. Дел од гелот со помош на лажичка се пренесува во метален или порцелански сад којшто се става на огноотпорна подлога и се пали со помош на кибрит или безбедносна запалка. По неколку минути се принесува хартија до отворот на металниот сад и се следат промените.

Резултати и заклучоци

При мешањето на двата раствора се добива гел со бела боја. Со превртувањето на чашата со отворот надолу се потврдува отсуството на течна фаза и добивањето гел. Гелот се добива како резултат на намалување на растворливоста на калциум ацетатот во присуство на алкохол. Ова е всушност типичен пример на замена на растворувачот. При тоа, доаѓа до создавање на тридимензионална мрежа во која се сместени молекулите од алкохолот.

Овој гел, како што е покажано во експериментот, има својство да гори. Горењето е еквивалентно на горење на етанол во метален сад. Пламенот може и да не се забележува па затоа со помош на парчето хартија се покажува неговото постоење.

Забелешки

Приготвувањето на растворот од калциум ацетатот се врши без загревање зашто со зголемување на температурата доаѓа до намалување на растворливоста. Заради безбојниот пламен горењето на гелот може и да не се забележува па затоа, доколку постојат услови добро е просторијата да се затемни и со тоа да се овозможи набљудување на пламенот.

Методија Најдоски и Весна Богдановска

 Експерименти

Благодарност
Услови за употреба на содржините
За Експерименти за вас

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Beer's Law (6094 посети)
Технолошко-металуршки факултат (6052 посети)
Academic Earth (6043 посети)
Polskie towarzystwo chemiczne (6034 посети)
Збирка материјали за наставата во 21-от век (6011 посети)
Stockholm Convention on Persistent Organic Pollutants (6009 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4818 посети)
Карикатури (4792 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4771 посети)
Словенската и хемиската писменост (4770 посети)
Станувајќи алкохол (4766 посети)
Бисери на мудроста (4746 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net