Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Експерименти за вас

Категории: Гелови - Тиксотропија - Пирофорност - Останати експерименти


Гел од етанол (2004-05-05) - При мешање на воден раствор од калциум ацетат и етанол се добива гел кој може да гори. (ВИДЕО КЛИП)

Каде е водата? Гелот од кополимер - на полинатриум акрилат и полиакрил амид (2004-05-04) - Во шише од сок со волумен 250 mL се става вода. По извесно време шишето се превртува со отворот надолу. Не се забележува истекување на вода. (ВИДЕО КЛИП)

Тиксотропија на гел од бентонит (2004-08-25) - При мешање на гел од бентонит доаѓа до трансформација од гел во сол состојба - гелот се втечнува. Ако вака втечнетиот систем се остави извесно време да мирува повторно се добива гел (кој не тече). (ВИДЕО КЛИП)

Гел од поливинил алкохол (2004-08-25) - При мешање на водни раствори од боракс и поливинил алкохол се добива гел. Гелот има еластични својства. (ВИДЕО КЛИП)

Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01) - Во чаша со кополимер се додава вода. Со превртување на чашата со отворот надолу се покажува дека се добива гел. Ако кон гелот се додаде готварска сол се добива суспензија која може да се претура. (ВИДЕО КЛИП)

Тиксотропија на гел од FeOOH – Крвта на свети Јануари (2004-09-01) - При мешање на гел од железо(III) оксид хидроксид доаѓа до премин во сол при што гелот се втечнува. Ако вака втечнетиот систем се остави извесно време да мирува набргу се добива гел кој не тече. Оваа појава е наречена тиксотропија. (ВИДЕО КЛИП)

Пирофорно железо (2004-09-01) - Со мешање на раствори кои содржат оксалатни јони и железо(II) јони се добива жолт талог. Оваа супстанца може да се искористи како прекурсор за добивање пирофорна супстанца. Последнава во контакт со кислородот од воздухот се зажарува. (ВИДЕО КЛИП)

Пирофорно олово (2004-09-01) - Овој експеримент опишува добивање на олово(II) тартарат, негова пиролиза и едноставна демонстрација на својството пирофорност. Последново се прикажува со истурање на добиеното пирофорно олово во тава со песок. Се набљудува спектакуларно самозапалување и горење на пирофорното олово. (ВИДЕО КЛИП)

Пирофорност на силанот (2004-09-05) - Во овој експериемент е опишана директна синтеза на магнезиум силицид и негова реакција со хлороводородна киселина при којашто се добива силан, а кој во контакт со воздухот се самозапалува. (ВИДЕО КЛИП)

Живино срце - класична варијанта (2005-09-15) - На саатно стакло се става жива и се прекрива со разреден раствор од сулфурна киселина и водороден пероксид. При допир со клинче живата манифестира необични движења. (ВИДЕО КЛИП)

Живино срце - со извор на електрична струја и раствор од сулфурна киселиа (2005-09-18) - Кога со графитна катода се допре жива која е прекриена со разреден раствор од сулфурна киселина започнуваат периодични промени на обликот на живата. (ВИДЕО КЛИП)

Термохромизам на македонското знаме (2006-08-12) - Подготвена е термохромна боја со употреба на Ag2[HgI4]. Македонското знаме е нацртано на жолта хартија. Деловите од нацртаното што треба да бидат во црвена боја се обоени со термохромна боја. Кога температурата се зголемува бојата се менува од жолта во црвена. Резултатот е драматична појава на Македонското знаме. (ВИДЕО КЛИП)

Реакција на метали со хлороводородна киселина (2007-07-18) - Овој експериемент на компаративен начин прикажува реакции на метали со хлороводородна киселина. (ВИДЕО КЛИП)

 Експерименти

Благодарност
Услови за употреба на содржините
За Експерименти за вас

 Експерименти

Каде е водата? Гелот од кополимер - на полинатриум акрилат и полиакрил амид (2004-05-04)
Гел од етанол (2004-05-05)
Тиксотропија на гел од бентонит (2004-08-25)
Гел од поливинил алкохол (2004-08-25)
Гел од кополимер на поли(натриум акрилат) и полиакриламид: фазна претворба (2004-09-01)
Тиксотропија на гел од FeOOH – Крвта на свети Јануари (2004-09-01)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net